Балкан Вести Економија Топ вести

Блокади на граничните премини Евзони и Ники

Од 12 до 16 часот по локално време, како и попладнево од 18 часот граничниот премин Евзони кон нашата земја повторно ќе биде блокиран од грчките земјоделци во рамките на нивните активности, а блокада ќе има и на граничниот премин Ники во периодот од 19 до 23 часот, но само за товарни возила, според грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Земјоделците во Грција продолжуваат со блокадите низ целата земја, откако ја одбија поканата на грчкиот премиер за средба попладнево, а паралелно нивните барања писмено ги испратија до Владата.

Во текот на денешниот ден, според АНА-МПА, планирани се блокади за сообраќај на сите возила на Евзони, во периодот од 12 до 16 и од 18 часот по локално време, додека пак на другите премини, Ники кон Македонија и Промахонас и Ексохи кон Бугарија во прекин ќе биде сообраќајот за товарни возила.

На Евзони, блокадите започнаа пред две седмици, односно на 1 декември кога земјоделците од регионот на Пеонија и од градот Јаница пристигнаа со нивните трактори, кои околу 300 на број остануваат паркирани на грчката страна на границата.

Паралелно, земјоделците продолжуваат и со блокадите на автопатите низ цела Грција.

Главниот блок е во централна Грција, кај Никеа, во близина на Лариса, на автопатот Солун – Атина, што е затворен и сообраќајот се одвива по споредни патишта.

Грчките земјоделци, по состанокот одржан во саботата со учество на претставници од цела Грција, одлучија да не одат на средба со грчкиот премиер, испратија писмо до Владата со нивните барања, кои и јавно ги објавија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел и Либан донеле одлука за примирје на целата либанска територија

Kristina Kuzmanovski

Германија за првпат не успеа да освои непостојано место во Советот за безбедност на ОН

Дејан Дејан

Тензии меѓу Белград и Подгорица пред Самитот со ЕУ во Тиват – тајната служба го советува Вучиќ да не патува во Црна Гора

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе