Вести Македонија Топ вести

Кривичната пријава за екс министерот Спасовски е поврзана со станицата и Беса Транс чиј автобус изгоре во Бугарија и имаше 46 жртви

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, поради сомнение за „злоупотреба на службената положба и овластување, соопшти МВР.

Според сознанијата на Телма, Спасовски е осомничен за случајот со лиценцата на станица за технички преглед во Сарај.  Станицата за технички прегледи „Виа комерц“ требало да биде затворена поради неправилности во јули 2021-ва година, но тоа решение не било потпишано од тогашниот министер Спасовски.

Решението било потпишано после сообраќајната несреќа во Бугарија на автобус на Беса Транс кога загинаа 46 луѓе меѓу кои и 15-тина деца и малолетници. Истиот автобус бил технички прегледан во спорната станица за технички преглед бидејќи Беса транс соработувала со станицата.

Спасовски се товари дека иако требал да го потпише решението за одземање на овластувања за технички преглед на станицата во Сарај во рок од 15 дена не го потпишал тоа и на фирмата и овозможил со вршење на технички прегледи негелано да заработи над 5,5 милиони денри односно околу 90 илјади евра.

Во пријавата се наведува дека со таквото постапување поранешниот министер ја прекршил должноста утврдена со Законот за возила и со Правилникот за постапката за издавање и одземање овластувања за технички преглед. Случајот е проследен до скопското обвинителство.

Претходно, Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција имаше постапка за Спасовски во врска со несреќата на Беса Транс и евентуална негова одговорност. Предистрагата беше отворена во време на мандатот на Вилма Русковска, но потоа таа беше разрешена. Обвинителството ја затвори предистрагата бидејќи не најде докази за дело кое се гони по службена должност.

Спасовски кој во моментот е пратеник и координатор на пратеничката група на СДСМ негира и најави реакција за пријавата поднесена од МВР.

СДСМ пак пријавата ја нарече дефокусирање на јавноста по објавените информации во британските медиуми за тоа дека тамошни мигранти ќе се префрлаат во Македонија од Велика Британија.

-Сега со кривична пријави против Спасовски, веднаш после прес конференцијата на претседателот Филипче власта преземе уште еден чекор. На кого? На нашиот пратеник и координатор на пратеничката група на СДСМ во Собранието каде што ќе биде поднесена Резолуцијата за мигрантите. Ова е класичен обид политички прогон за дефокусирање на темата од мигрантите и скандалите на власта. Сè ќе им пукне како меур од сапуница, граѓаните гледаат и знаат сè. Прашањето е едноставно, ќе ја потпишете Резолуцијата за мигрантите или не?, реагираат од СДСМ.

Миомир Серафиновиќ

Кривична пријава против Оливер Спасовски поранешниот министер за внатрешни работи

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничен е 26-годишен маж за убиство на поранешната британска министерка Видикомб

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе