Балкан Вести Топ вести

Невремето „Бајрон“ ги затвори училиштата во Атина

Основните и средните училишта во областа Атика, поширокиот регион на Атина, со одлука на префектот, денеска се затворени, поради невремето „Бајрон“ што ја зафати цела Грција, додека во грчката метропола создаде сериозни проблеми со обилен дожд, поплавени улици и штети.

Невремето со обилен дожд и грмотевици започна вчера во попладневните часови, траеше во текот на ноќта и продолжува и денеска, а противпожарната служба на Грција до 6 часот утрово во областа Атика примила 290 повици за помош, при што интервенирала во 90 испумпувања на вода, 27 сечења на дрвја и 12 пренесувања на лица на безбедни локации.

Според мрежата на автоматски метеоролошки станици на Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео, заклучно со 7 часот утрово, најголемите количества дожд се забележани во западна и северна Атика.

Поконкретно, најголемото количество дожд е регистрирано во Влихада во западна Атика – 131 милиметри дожд, односно 131 литар вода на квадратен метар и во Авлона во источна Атика со 108 милиметри, односни 108 литри на квадратен метар.

Во другите делови на Атина, според истите податоци, количината дожд е меѓу 15 и 35 литри на квадратен метар, во зависност од населбата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе