Во Македонија утрово во 7 часот започна гласањето за вториот круг од локалните избори. Граѓаните избираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје на 1.771 избирачко место, а право на глас имаат нешто над 1 милион гласачи.
Во Општина Центар гласачките места утрово беа отворени на време. Дел од граѓаните од рано утрово излегоа на гласачките места да го остварат своето право на глас.
Утрово процесот тече мирно и без регистрирани инциденти.
Граѓаните очекуваат од идниот градоначалник да ги реши проблемите со инфраструктурата во општината, проблемите со сообраќајот и да работи на подобрување на животот во ова населено место.
