Вести Македонија Најважни

Депонијата Вардариште е обезбедена, а за Дрисла ќе се позанимава MВР рече Мицкоски

Премиерот Мицкоски кој одговараше на новинарски прашања денес, за загадениот воздух рече дека Министерството за внатрешни работи ќе се занимава со проблемот поврзан со депониите.

„Нелегалната депонија Вардариште е обезбедена, а депонијата Дрисла иако во текот на вчерашниот ден беше речиси санирана, од некои чудни причини при крајот на ноќта повторно се распламти. Затоа со тоа денеска ќе се позанимава Министерството за внатрешни работи, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарско прашање за проблемите со загадувањето на воздухот, што изминатите денови го предизвикаа депониите Вардариште и Дрисла, а граѓаните од неколку скопски населби и утринава се пожалија дека има чад“ рече Мицкоски.

Премиерот Мицкоски за депонијата Дрисла рече оти имал разговор и со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дека е на линија и со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Посочи дека на депонијата е ангажирана и градежна механизација од општествено одговорни компании. Тој очекува денеска или утре проблемот да се санира.

„Тоа што со децении не е санирано, тоа што со децении никој не водел сметка, еве за неколку дена би рекол, за недела дена ќе успееме да го санираме. А јас сочувствувам апсолутно со секој оној граѓанин, којшто го чувствува сето ова. Но, чудно е, чудно е како одредени Јавни претпријатија, каде што свои кадри има Демократската унија за интеграција се случуваат вакви работи. Чудно е и тоа ќе го истражиме, ќе го истражиме и ќе обезбедиме соодветни докази, како може пожар, којшто беше речиси смирен, односно ставен под контрола, но наеднаш да се распламти и како токму сега, откако успешно се справивме со пожарите во околните држави имаше жртви, повредени, иселени градови итн, кај нас сето тоа цело лето беше успешно завршено“, изјави Мицкоски.

Премиерот Мицкоски додаде дека и покрај диверзиите, коишто како власт ги имале на почетокот на летото, наеднаш сега се случуваат пожарите на депониите во Скопје и тоа пред локалните избори.

„Вистинското прашање и вистинскиот одговор на тоа прашање колку сето ова на некој му одговара. Но, ние нема да се занимаваме сега, сега работиме да го решиме проблемот. Потоа ќе се занимаваме и да знаете дека сите виновници ќе бидат изведени пред лицето на правдата“, рече Мицкоски.

Што се однесува за депонијата Вардариште од вчера е ангажирана приватна Агенција за обезбедување од страна на општините и како што рече Мицкоски „апсолутно, како Влада и како институции ги преземаат сите мерки“.

(видео)Скопските населби Лисиче и Аеродром се гушат во магла и чад

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе населени места во Скопје останаа без вода откако пукнала голема цевка кај поранешната фабрика ОХИС

Tea Dimkovska

Папата Лав XIV: Војната носи смрт, дипломатијата е единствен пат до мирот

Tea Dimkovska

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе