Вести Македонија Најважни

Адвокатот на Лозановска: Не го извршивме разговорот, не прашаа кој ве повика, утре мора повторно да дојдеме

Откако во полицијата во Демир Хисар на информативен разговор утрово се јави директорката на Гимназијата од Демир Хисар, Маја Лозановска, во придружба на нејзиниот адвокат Жаре Стеваноски. Тој по посетата на полицијата изјави дека полициски службеник кој исто така била вечерта пред домот на директорката ги прашал кој ги поканил на информативен разговор, иако од полициски службеник телефонски биле повикани денеска на разговор, по случувањата на 8 август вечерта, кога полицијата направи претрес во домот на Лозановска.

-Застрашувачки за мене како адвокат е тоа што денес ни доставија покана, покрај овој разговор за повторно утре да се јавиме на информативн разговор во полциската станица, поканата ја примивме иако и тефеонското повикување на информативен разговор е официјална покана за изјава кое го стори началникот на 08.08. 2025 и телефонски не  покани на информативен разговор за денес. Еден час траеше дебатата околу тоа дали треба да има разговор, побаравме да поднесеме и пријава, бидејки од началникот на ОВР Демир Хисар бевме информирани на денот на претресот дека било обиено во училиштето од страна на новата директорка, комисиски. Извадивме и тековна состојба од централниот регистар кој претставува лична карта на училиштето во неа се уште овластено лице е Маја Лозановска, па со оглед на тоа денеска пријавивме и кривично дело самовластие до МВР  од каде побаравме нивно присуство да дојдат во училиштето во службените простории со цел да видат дали постапиле соодветно по наредбата која беше издадена, која тие ја бараа за претрес со цел да видат каде се печатите.  Одбија да дојдат со нас и не упатија ако има некаков проблем да сме се јавеле, вели адвокатот на Лозановска.

Лозановска, директорката на гимназијата во Демир Хисар се јави на информативен разговор

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсен е турски државјанин кој со Мерцедес „летал“ на автопатот „Пријателство“ со 203 км/ч

Tea Dimkovska

31 година од геноцидот во Сребреница: „Тишината зборува најгласно“

Tea Dimkovska

Левица: Инвеститорите профитираат благодарение на ДПМНЕ – Македонците ја губат можноста за сопствен дом

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе