Вести Економија Топ вести

Средба без зборови, молк по состанокот на министерот Дурмиши со трговците и увозниците – дел од експертите предлагаат цените да се замрзнат една година

Да се замрзнат цените на период од една година, предлагаат дел од експертите.  И тоа не само во малопродажба, туку и во големопродажба и дистрибутивните, а ограничувањето да биде на нивото од март, април кога инфлацијата се движеше околу 3 отсто. Според, дел од познавачите само така владата ќе успее да ја сузбие инфлацијата која забрзано расте.

-Замрзнувањето на цените апсолутно е ефективна мерка,  но треба да биде на сила подолго време. Се друго ќе биде лош циркус, кој го гледавме многупати изминативе неколку години и од претходната и од оваа влада за кој цехот на крајот повторно ќе го платат граѓаните, особено оние посиромашните.  Во март и април кога беа ограничени цените инфлацијата падна под 3 отсто. Кога се укина замрзнувањето скокна на 5 проценти, изјави Бранимир Јовановиќ, Виенски институт

Од друга страна пак од институтот Фајнанс Тинк сметаат дека инфлацијата сега не е предизвикана од храната, туку од поголемото трошење на граѓаните. Ако се носат мерки предлагаат тие да не бидат во насока на ограничување на цени затоа што ефектот е краткорочен.

Синдикатите бараат мерки итно да се донесат. Велат секој ден поминат без некаква интервенција може да донесе дополнителен скок на цените.

Во меѓувреме проблемите со инфлацијата се решаваат со предупредувања. Министерот Дурмиши вчера на средба ги повика трговците и увозниците на пијалаци, храна, овошје зеленчук за како што рече за последен пат да ги опомени да не манипулираат со цените. Што точно се зборувало, кој би ставот на трговците и увозниците остана мистерија. Детали за средбата нема. Освен еден краток фејсбук статус со фотографии од  министерот Дурмиши во кои стој дека се разговарало за цените и потребата да се стабилизираат. Дека инфлацијата се следи и ако имало скок ќе се воведат ригорозни мерки,  нешто што постојано се споменува без конкретно да се каже за што станува збор.

Претходно од Владата неколку пати најавија дека мерки против високите цени ќе има многу скоро.

Последно се чекаше да се видат бројките за инфлацијата за јули, па да се одлучува што ќе се прави. Последните податоци пак на статистиката пак покажаа инфлацијата од 4, 8 отсто во јули во однос на јули лани. За една година најмногу поскапела храната, но поскапел и транспортот, здравствените услуги, културата рекреацијата.

Ако пак се погледнат бројките од Еуростат може да се види дека земјите од еврозоната имаат пониска годишна стапка на инфлација од онаа кај нас и во најголем дел од државите е околу 3 отсто. Со повисок процент се Естонија и Хрватска.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе