Вести Македонија Топ вести

Половина век затвор за две убиства и трговија со дрога за шест членови на групата Дуќанџик/Грчец

За двојно убиство и за трговија со кокаин се осудени шест членови на криминалната група Грчец/Дуќанџик. Телефонската комуникација на апликацијата Скај покажала дека биле блиски соработници на водачите на групата, Шеваљ Муареми кој се бара со потерница и се наоѓа во Дубаи и Орхан Ибраими – Оки, кој беше убиен на Халкидики.

За неовластена трговија со дрога по пет години зад решетки добија Фадил Бајрамовски, Севди Азири, Неџати Исени, а Бесим Асани – шест години. А, дрогата од Бразил преку Белгија ја пренел осудениот Асани.

„Во Белгија чека да пристигне пратката со наркотичната дрога од Јужна Америка, преку океанот до белгиското пристаниште, а потоа дрогата товарена во патничкото возило Порше Кајен ја пренесува преку повеќе граници, сè до Македонија како крајна дестинација“, рече судијката Фанка Јанчулова Михаиловска.  

Фати Сулејмановски за убиство и злосторничко здружување доби 14 години казна затвор, а Шулејб Сулејмановски за истите дела – 15 години. Браќата Сулејмановски се осудени за убиството на 28 годишниот Африм Бериша и 24-годишниот Бурим Вардари како одмазда дека една од жртвите учествувала во престрелката во хотелот „Александар Палас“ кога беа нападнати Јетон Кривањева Жила, еден од главните луѓе во Грчец/Дуќанџик и Камер Идризи, припадник на групата. По неколку неуспешни обиди, во 2021 година во Топанско поле употребувајќи флешери, го запреле возилото во кое се превезувале Бериша и Вардар и ги убиле.

А убиството и дрогата се договарле преку комуникација на апликацијата Скај.

„Имено фактот дека убиството на Африм Бериша и на Бурим Вардари е дел од поширок план за убиство на повеќе лица кои ѝ пречат на криминалната група јасно произлегува од Скај комуникацијата. Во комуникацијата од 26 јули 2020 година, Шеваљ му пишува на Орхан да не чистат луѓе за џабе“, додаде судијката, Фанка Јанчулова Михаиловска.

Во групата учествувале повеќе лица од кои дел се починати, а дел се недостапни на органите на прогон. До Обединетите Арапски Емирати беше испратено барање за екстрадиција на Муареми и неговиот соработник Мухамед Чајани. Од земјава заминале непосредно по ликвидацијата на Јетон Кривањева и Енес Исени во „Шиша бар“ во скопската Стара чаршија.

КОД неколку пати пишуваше за нарко-групата, која според обвинението, делувала во периодот од 2019 година до март 2021 година и во повеќе наврати набавувала кокаин од Јужна Америка за продажба во земјава.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе