Вести Македонија Најважни

Претреси во домот на Дејан Јованов Деко – Се чешлаат фирмите на сопственикот на дискотеката „Пулс“

Претреси во домот на Дејан Јованов Деко, неговиот автомобил „инсигниа“ и два угостителски објекти, дискотеката „Пулс“ и кафе барот Класик како и во канцеларија на Државен пазарен инспекторат во Кочани поврзани со документација за неговите фирми се направени вчера од страна на МВР во рамки на истрагата за пожарот во дискотеката Пулс, при која загинаа 59 лица, од кои 6 деца.

На распит, според информациите на Телма, беа повикани и неговата сопруга и ќерка. Јованов Деко е во притвор.

Во домот на Д.Ј. пронајдени и одземени се лап топ компјутери, повеќе мобилни уреди, документација и други предмети. Одредени предмети се одземени и од возилото и од угостителските објекти, а пронајдена и одземена е и финансиска документација. Во ДПИ- Канцеларија Кочани пронајден и одземен е еден компјутер, еден лап топ компјутер и еден таблет, како и целокупната документација поврзана со правни субјекти во сопственост на Д.Ј., се вели во соопштението на МВР.

Кафе барот „Класик“ беше демолиран за време на протестите ден по пожарот во Кочани. Инаку кафе барот го носи истото име како и фирмата „Класик ДМ“, која долги години ја менаџираше дискотеката „Пулс“, а чиј сопственик е Јованов Деко.

Но, фирмата лани отиде во стечај поради долгови. Зад неговото име има уште две фирми. Едната е Монтажа Гоки ДООЕЛ Кочани која е деловно неактивна. Другата е „Малибу“ која ја дели истата судбина и веќе е во ликвидација.

Јавното обвинителство вчера соопшти дека ќе издаде наредба и до Управата за финансиска полиција за преземање определени дејствија поврзани со материјалното работење на повеќе правни субјекти, осомничените и други лица.

Во рамки на истрагата за пожарот на 16 март досега се осомничени 34 физички и три правни лица. За сите беше определен притвор, освен за тројца кои се во болница.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Рим денес продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна програма

Дејан Дејан

Загинати 80 лица во американските напади врз Јемен

Дејан Дејан

Нови дигитални услуги на МВР достапни на интернет

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе