Останато Спорт

Велингер најдобар во ски-летови во Викерсунд

Андреас Велингер дојде до втората сезонска победа во Светскиот куп во ски-скокови откако денеска беше најдобар на леталницата во Викерсунд, Норвешка.

Велингер денеска имаше летови од 228 и 229,5 метри и со вкупни 436,1 поен дојде до победата, втора сезонава по 1.декември и натпреварувањето во Рука. Зад Германецот финишираа двајца Словенци. Тими Зајц во првата рунда имаше неверојатен скок од 234 метри, но во втората потфрли со само 208 метри, па на крајот мораше да се задоволи со второто место, а трет беше Анже Ланишек.

На врвот во генералниот поредок Австријците остануваат на првите три места. Даниле Чофениг е прв со 1.653 бодови, Јан Херл е втор со 1.535, а трет е Штефан Крафт со 1.093 бодови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Шампионите ги пречекаа во Мадрид

Kristina Kuzmanovski

ФИФА со дисциплинска постапка против Аргентина за инцидентите во финалето

Kristina Kuzmanovski

Навивачите со камења и пиротехника, полицијата со солзавец, шок-бомби и водени топови – нереди во Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на СП

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе