Ализ Робинсон од Нов Зеланд победи на денешната трка во велеслалом во Кронплац во рамки на Светскиот куп во алпско скијање. Фаворитките Федерика Брињоне и Сара Хектор не ја завршија трката.
Робинсон до својата четврта победа во кариерата, а прва по речиси четири години дојде со време од 1 минута, 55 секунди и 28 стотинки по двете возења. Зад неа финишираше Лара Гут-Бехрами со 56 стотинки послабо време, а трета беше Американката Пола Молцан.
Робинсон води во велеслалом со 300 бодови пред Сара Хектор, која има само четири бодови помалку. Во генералниот поредок прва е Федерика Брињоне со 639 бодови, пред Гут-Бехрами, која има 584 бодови.
Следниот викенд скијачките ќе се натпреваруваат во Гармиш-Партенкирхен, а на програмата се трки во спуст и супер велеслалом.