Вести Македонија Најважни

Извршен увид во близина на Рашче, се испитуваат причините за несреќата

Од Основното јавно обвинителство Скопје информираат дека извршиле увид во Рашче на местото каде синоќа автомобил со патници излета и падна во водите на Вардар.

-Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на лице место кај Рашче, каде автомобил со патници излета и падна во водите на Вардар. И покрај исклучително тешките услови на непристапен терен, беа преземени сите дејствија за обезбедување траги и докази со цел да се утврдат причините за несреќата, посочуваат од ЈОРСМ.

Од Јавното обвинителство информираат дека заедно со автомобилот, од водите на Вардар биле извадени три починати женски лица, за кои е издадена наредба за обдукција. Посочуваат дека по уште едно лице се трага, додека во автомобилот патувало и дете кое е пронајдено повредено надвор од возилото, па е пренесено на Клиничкиот центар.

-Според првичните сознанија, со возилото управувала една од починатите. Ќе биде издадена наредба и за вештачење на автомобилот. По насоки на јавен обвинител се разговара со очевидци на настанот, како и со блиски на семејството во возилото со цел да се испитаат сите околности, посочуваат од Основното јавно обвинителство Скопје

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

За 24 часа – 260 нови пациенти побарале помош во гостиварската болница

Igor Trajkov

Ослободителната пресуда за Талир 2 се пишува, од Кривичен велат ќе биде доставена во најкус можен рок

Igor Trajkov

Аврамовски: И агресивните, неумесни политички изјави влијаат на падот на довербата во судство, но влијае и судската неактивност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе