Вести Македонија Најважни

Тинејџер од Скопје остана со траен инвалидитет на дланката од испукана петарда

Тринаесетгодишно дете со тешка повреда на раката предизвикана од петарди е примено во новогодишната ноќ на скопската КАРИЛ. Тоа веднаш е оперирано, но ќе остане со траен инвалидитет, велат лекарите.

„Имавме 13-годишно дете со тешка повреда на раката од петарда. Веќе е оперирано на Детската клиника за хирургија и најверојатно ќе биде со инвалидитет на раката“, рече д-р Игор Мерџаноски, директор на ТОАРИЛУЦ

Со полуоткинат прст останал и битолчанец кој синоќа палел огномет. И врз него е извршена интервенција во Клиничката болница во Битола, а лекарите успеале да му го спасат прстот.

„Пациентот беше на 32-33 годишна возраст. Се повредил при палење на огномет, кој му пукнал во раката. Од Ургентното одделение го пративме на Одделението за ортопедија, каде му беше санирана повредата“, изјави д-р Весна Јаневска, раководител на Одделение за ургентна медицина во Клиничка болница Битола.

Само за еден месец на хируршката клиника „Свети Наум Охридски“ во Скопје со повреди од пиротехнички средства се јавиле 50-тина пациенти, најмногу малолетници, на возраст од 12 до 17 години, а дел од нив останале со траен инвалидитет, без прсти на раката. Лекарите повторно предупредија на опасноста од користење на пиротехниката.

„Тоа е најверојатно некој тренд, се користат петарди со поголемо барутно полнење и остават траен инвалидитет кај децата“, вели д-р Небојша Настов, директор на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“

Покрај повредени од петарди на новогодишната ноќ во здравствените установи низ државата помош побарале и пациенти со повреди од сообраќајни несреќи, од физички пресметки, како и оние со хронични и акутни заболувања, но и алкохолизирани лица. На клиниката за токсикологија во Скопје имале 21 преглед, 18 пациенти со акутно труење од алкохол од кои еден измешал алкохол и таблети.

„Од тие 18, четири се женски, а 14 од машки пол. Најмладата пациентка е 17 години, највозрасната 26, а кај машките најмладиот пациент имаше 14 години, а најстариот 38 години“, рече д-р Андон Чибишев, директор на Клиниката за токсикологија.

И во ургентното одделение во битолската болница имале стотина прегледи, од нив 13 алкохолни интоксикација, три биле малолетници, а најмалото било 14-годишно девојче.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

За 24 часа – 260 нови пациенти побарале помош во гостиварската болница

Igor Trajkov

Ослободителната пресуда за Талир 2 се пишува, од Кривичен велат ќе биде доставена во најкус можен рок

Igor Trajkov

Аврамовски: И агресивните, неумесни политички изјави влијаат на падот на довербата во судство, но влијае и судската неактивност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе