Вести Македонија Најважни

Внимавајте: Измамници под маска на Македонска Пошта испраќаат „СМС“ со цел да извлечат пари

Измамници под маска на Македонска Пошта испраќаат „СМС“ пораки со цел да извлечат пари.

Во новиот фишинг напад се користат линкови кои водат до веб-страница на која жртвите се покануваат да внесат лични податоци и податоци од платежни картички.

Веб-страницата е едноставна, без валидирање на внесените податоци и е регистрирана пред неколку дена.

Нападот е насочен исклучиво кон корисници во Македонија, бидејќи страницата филтрира само IP адреси од оваа земја.

Ова е уште еден обид на измамниците да извлечат податоци и да предизвикаат финансиски загуби кај населението кое ќе наседне на оваа измама.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Професор Пановски вели анализите за водата да се објават веднаш за да знаат лекарите како да лекуваат болни и како да се чисти водоводот: Од 1973-та сум студент, не памтам ваква небулоза

Дејан Дејан

За осомничени за силување, одредена времена мерка одземање на патна исправа, а законот предвидел казни до 10 години

Sonja Petrusevska

Минималната синдикална кошничка над 1.100 евра

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе