Uncategorized Балкан Вести Македонија Свет Топ вести

Фајон: Словенија и Германија подготвиле нон-пејпер, сo кој во претпристапниот процес нема да има можност за вето и блокада

Додека Албанија отвора преговори за првите кластери, Црна Гора затворa три, од Македонија се бараат уставни измени. Министерката за надворешни и европски работи на Словенија, Тања Фајон најави дека Словенија и Германија подготвиле нон-пејпер, според кој во претпристапниот процес нема да има можност за вето и блокада поради билатерални прашања со соседните земји.

„Тоа е иницијатива за забрзување на целиот процес на проширување, односно на претпристапниот процес, за да нема премногу можности да се става вето на блокадата на соседите поради билатерални прашања и да ја искористиме можноста за гласање со квалификувано мнозинство неколку пати со самиот процес“, вели Фајон во интервју за црногорска агенција Мина.

Нејзината изјави следи откако Хрватска ја блокираше Црна Гора да го затвори преговарачкото поглавје со ЕУ и наместо четири да затвори три поглавја. Хрватска беше против затворање на поглавјето за надворешна, безбедносна и одбранбена политика.. Според хрватскиот неформален документ испратен до Црна Гора- треба да се решат прашањата околку сопственоста на училишниот брод „Јадран“, меѓусебното разграничување, обработката на воените злосторства, името на градскиот базен во Котор кој е наречен по поранешниот ватерполист Зоран Гоп- чевиќ, кој според Хрватска бил чувар во логорот „Морињ“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Помали царински стапки за 67 стоки, се либерализира трговијата со САД – усвоени измените на Законот за царинска тарифа

Дејан Дејан

Избегнувајте работа на отворено од 11 до 17 часот – владата со мерки поради топлото време

Дејан Дејан

Трамп: Путин се јави и праша дали ни треба помош со Иран, му реков „ни треба со вас“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе