Uncategorized Вести Македонија Најважни

Обвителството отвори истрага против Гани Туша- осомничен е дека со пиштол го извршил убиството на Орхан Бајрами во Ханиоти

Обвинителството отвори истрага против Гани Туша за убиството на Орхан Бајрами, еден од водачите на скопската криминална група Грчец/Дуќанџик. Убиството е извршено лани во јули, во Ханиоти во Грција. Туша во моментот е на издржување на казна затвор за друго дело.

Случајот е преземен од грчкитр надлежни органи бидејќи осомничениот не може да биде екстрадиран.

Туша заедно со уште едно лице биле маскирани кога влегле во вилата во грчкото туристичко место каде Бајрами престојувал заедно со уште 4 лица, соопшти обвинителството.

-Осомничениот од огнено оружје – пиштол „Црвена застава“ со калибар 7,65 мм со пригушувач испукал 11 куршуми, а неговиот соучесник со пиштол од ист калибар уште 8 куршуми во правец кон оштетените. Од куршумите, три завршиле во телото на сега починатиот, нанесувајќи му смртоносни повреди, стои во соопштението на обвинителството.

Во продолжение е целото известување на прес службата на ЈОРМ:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело кое во македонскиот Кривичен законик е предвидено како – Убиство од член 123 став 2 точка 3 во врска со став 1 и член 22, како и за Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи според член 396 став 3.

Осомничениот 33-годишник, на 15 јули 2023 година, во Ханиоти, Република Грција, заедно со уште едно засега непознато лице, со умисла го лишиле од живот сега покојниот Орхан Бајрами, а ги довеле во опасност и животите на уште четири лица. По претходен договор, осомничениот и неговиот соизвршител маскирани пристигнале во туристичкиот  комплекс каде била сместена жртвата и се приближиле до отворената задна балконска врата. Осомничениот од огнено оружје – пиштол „Црвена застава“ со калибар 7,65 мм со пригушувач испукал 11 куршуми, а неговиот соучесник со пиштол од ист калибар уште 8 куршуми во правец кон оштетените. Од куршумите, три завршиле во телото на сега починатиот, нанесувајќи му смртоносни повреди.

Грчките истражни органи имаа издадено налог за апсење на осомничениот, како и Европски налог за апсење и меѓународна потерница поради сомненија за кривични дела – Намерно убиство со соучесништво и Обид за сериско и соучесничко убиство на територијата на Република Грција. Со оглед на тоа што станува збор за македонски државјанин за кого не постои можност за екстрадиција, врз основа на инструментите за меѓународна правна соработка, грчките власти го отстапија кривичното гонење на Основното јавно обвинителство Скопје.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд во Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Коцевски изјави дека се преземаат активности за бегалецот Груби

Дејан Дејан

Сите станари од опожарениот дом во Чемерско се стабилни во болницата во Кавадарци – очекуваат да ги земат најблиските

Дејан Дејан

Завршија тендерите за над 200 проекти, општините конкурирале за 288 за средства од првата транша на унгарскиот кредит

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе