Вести Најважни Топ вести

ЕСМ му понуди на ЕВН ХОУМ 62 евра за мегават час, над 3 отсто повисока од сегашната- ќе скокне ли цената на струјата

ЕСМ му понудил на Универзалниот снабдувач за 3, 3 проценти повисока цена на струјата за домаќинствата и целосна покриеност на потребите ЕВН ХОУМ. Односно својата произведена електрична енергија која чини 60 евра, сега ја нуди за 62 евра за мегават час.

На тендерот имало четири понуди, но на ЕСМ била најповолна.

Од тоа по која цена електрани  ќе ја продаваат  својата струја на ЕВН ХОУМ, најмногу зависи какви сметки ќе плаќаат граѓаните.

И Електродистрибуција вчера на тендер обезбеди струја за покривање на своите загуби исто од ЕСМ. Електрани ќе им ја продаваат електричната енергија по 100 евра за мегават час, што значи дека просечната цена за загубите во системот ќе биде како и до сега.

Овој параметар пак влегува во одлуката за цената на преносот и дистрибуцијата. Тука се пресметуваат и барањата на МЕПСО и на МЕМО. Со сето ова треба да се комплетира новата цена на електричната енергија, која треба да се донесе до крајот на годината, а да важи од први јануари.

  • Под комплетен надзор на Регулаторната комисија за енергетика и согласно законските обврски и претходно утврдената методологија, во наредниот период ЕВН Хоме ќе ја пресмета цената на електрична енергија по однапред утврдени влезни параметри, се вели во дописот од ЕВН ХОУМ.

Инаку, производната цена на ЕСМ е далеку повисока од оваа и изнесува 118 евра, а на РЕК Битола 135 евра за мевагат час.

Во меѓувреме ЕСМ објави нов повик со кој бара да купи над 100 илјади мегават часови за да ги покрие потребите за декември. Овој пат количините кои се бараат  не се за две недели како што се правеа со претходните набавки, туку за целиот месец.

Вкупно на тендерите за набавка на струја од септември заклучно со ноември ЕСМ плати речиси 20 милиони евра.

На берзите пак цените продолжуваат да дивеат поради што проблем имаат производствените компании. Дел од нив поради условите од регулиран заминаа на отворен пазар. Сега, од РКЕ ги повикуваат малите потрошувачи кои сметаат дека треба да се вратат на регулиран пазар да го сторат тоа.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе