Државниот секретар на американската држава Џорџија, Бред Рафенспергер рече дека заканите со бомба, кои накратко го попречија гласањето на две избирачки места, потекнуваат од Русија.
- Слушнавме некои закани од руско потекло, рече Рафенспергер, додавајќи дека „во интерес на јавната безбедност, ние секогаш го проверуваме тоа и ќе бидеме многу одговорни само кога ќе слушнеме за такви работи“.
Секретарот не прецизираше како точно државните функционери утврдиле дека заканите за бомби дошле од Русија, пренесува Си-Ен-Ен.
Заканите доведоа до привремено затворање на избирачките места во Унион Сити, недалеку од Атланта.
Трамп гласаше на Флорида, Харис го испрати своето гласачко ливче по пошта
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
