Одбојка Спорт

Најдобриот македонски одбојкар Никола Ѓорѓиев се врати дома

Македонскиот одбојкарски шампион Струмица направи тим-репрезентација. Капитенот на националниот тим Никола Ѓорѓиев по фантастичната интернационална кариера се враќа дома, а крај него за тимот потпишаа и неговиот брат Ѓорѓи Ѓорѓиев и Александар Љафтов.

Струмичани создаваат фантастичен тим, кој во следната сезона исклучително лесно ќе ја одбрани титулата во домашното првенство, но ова е состав кој треба да биде конкурентен и на меѓународната сцена. Летово на Струмица и се приклучија репрезентативците Дарко Ангеловски, Филип Маџунков и Филип Лепидовски, но тоа не беше доволно за ЦЕВ Лигата на шампиони, бидејќи нашиот првак испадна од Олимпијакос во првото коло без освоен сет.

Сега со доаѓањето на браќата Ѓорѓиеви и Љафтов, Струмица ќе се соочи со тимот на Капошвар во првата рунда од ЦЕВ Купот. Првиот натпревар од двомечот се игра во салата „Парк“ на 8.октомври.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мундијалот во американски стил: Шампионите ќе добијат специјални прстени (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Еурофарм Пелистер против екипи од три големи ракометни земји во Европската лига

Sportska Redakcija

 Славко Винчиќ ќе го суди финалето на Светското првенство 2026

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе