Светислав Пешиќ повеќе не е селектор на кошаркарската репрезентација на Србија. Договорот на искусниот стратег истекува кон крајот на месец сепрември и нема да потпише нов.
Пешиќ изминативе три години ја водеше Србија, што за него беше втор мандат на клупата. Под неговата палка селекцијата на нашиот северен сосед освои бронза на изминатите Олимписки игри во Париз, сребро на Светското првенство минатата година и стигна само до осминафиналето на Европското првенство во 2022 година.
Во српската кошарка ќе има големи промени во иднина, бидејќи освен нов селектор ќе има и нов претседател на Кошаркарскиот сојуз. Предраг Даниловиќ пред извесно време си поднесе оставка на функцијата.