Останато Спорт

Одличен настап на македонските млади шахисти во Прага

Најдобар пласман оствари најмладата шахистка, Софија Беловска која се натпреваруваше во категоријата до осум години девојчиња. Беловска доби 5 од вкупно 9 поени и обезбеди  21 место од 55 учеснички од Европа, со што постигна и најдобар резултат за македонската репрезентација во нејзината категорија за прв пат. Победи во четири партии против шампионките и претставнички на Шпанија, Естонија, Кипар и домаќините од Чешка, ремизираше со Азербејџан и Чешка и изгуби од Романија, Холандија и Данска.

“Беловска е најпријатното изненадување. Се работи за голем талент со предиспозиции да стане силна шахистка. Поседува голема упорност, желба, стрпливост во текот на партијата и да не стане од столчето по 4,5 часа, а и по партијата сака да остане во салата и да ги погледне другите партии, што е неверојатно за таа возраст. Мислам дека ќе имаме силна шахистка во идно време, уште повеќе ако се знае дека таа игра шах една година, од кои последните шест месеци континуирано”, вели интернационалниот мајстор Марјан Митков, секретар во Шаховската федерација на Македонија (ШФМ), тренер и претставник на македонската шаховска делегација во Прага.

Најмногу бодови, пет и пол обезбеди Моника Жежовска која во моментов  на 16 годишна возраст важи за најдобар женски шахист во Македонија со највисок рејтинг- 2106. Жежовска обезбеди четири победи против претставничките на Азербејџан, Косово, Шпанија и Грција, одигра три реми со претставничките на Словачка, Србија и Шпанија и изгуби од шахистките на Украина и Унгарија.

Кај момчињата, пак, најуспешни се Ахмет Селим Абурахман (до 10 години) на 43-то место и сениорскиот репрезентативец ФМ Антон Златков (до 18 години) на 49-то место, двајцата со по пет поени.

Абдурахман победи против претставниците на Косово, Хрватска, Романија и Ерменија, ремизираше со шахистите од Швајцарија и Грција и изгуби од врсниците од Шведска и Босна и Херцеговина.

Македонските претставници заедно на годинашното континентално првенство освоија вкупно 50,5 бода од 115 партии (40 победи, 21 реми, 54 порази) или 43,9 отсто. Седумте момчиња собраа 26,5 поени од 62 можни (21 победа, 11 ремија, 30 порази, 42,7 отсто), а девојчињата 24 поени од 53 партии (19 победи, 10 ремија, 24 порази, 45,2 отсто).

Резултати на македонските шахисти на ЕП во Прага

Категорија/Шахист/Рејтинг/ Поени/Место/Учесници

ДЕВОЈЧИЊА

8 год. Софија Беловска – 5/21/55

10 год. Андреа Цветановска – 2,5/69/73

12 год. Илијана Велева (1.556) 4,5/50/93

14 год. Ивана Велкоска (1.490) 3,5/94/109

16 год. Моника Жежовска (2.069) 5,5/25/96

18 год. Иџи Ајрадиноска (1.812) 3/71/84

 

МОМЧИЊА

8 год. Васил Иванов (1.452) 3/68/79

10 год. Ахмет Абдурахман (1.602) 5/43/113

10 год. Дамјан Николовски (1.526) 4/78/113

12 год. Павел Крстевски (1.873) 4/67/114

14 год. Андреј Иванов (1.879) 3,5/110/142

16 год. Ефе Ибраимов (1.770) 2/144/147

18 год. ФМ Антон Златков (2.297) 5/49/126

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почнува процесот против Манчестер сити: Пресудата ќе биде донесена во 2025 година

Дејан Дејан

ПСЖ мора да му исплати 55 милиони евра на Мбапе

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Велемајсторски гол на Барди, експлозија од емоции на теренот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе