Останато Спорт

Сензација во Париз: Рељиќ ја елиминираше двократната олимписка шампионка во таеквондо

Македонската таеквондистка Милјана Рељиќ успеа да направи голема сензација во првото коло на Олимписките игри во Париз елиминирајќи ја двократната олимписка шампионка Џејд Џоунс од Велика Британија.

Рељиќ, која дебитира на големата сцена и настапува со вајл-карта на таеквондо турнирот  во категоријата до 57 килограми ја совлада третата фаворитка со 2-1 во рунди. Првата рунда и припадна на Македонката со 7-6, а втората ја доби Британката со 4-5. Во решавачката трета рунда беше 1-1, но победата и припадна на Рељиќ поради вкупно повеќе зададени удари. Џоунс е двократна олимписка шампионка од Лондон во 2012 и од Рио четири години подоцна, а на овие игри сакаше да стигна до историско трето злато, но беше запрена од нашата натпреварувачка.

Во 15:45 часот, Рељиќ во четвртфиналето ќе се бори со Либанката Летиција Оун.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина легендарниот кошаркарски коментатор Един Авдиќ

Sportska Redakcija

Ролан Гарос остана без првата носителка: Шнајдер ја шокираше Сабаленка (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Драконска казна за Шкендија: Суспензија од Купот и глоба од 105.000 евра

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе