Вести Свет

Зеленски: Украина уште утре ќе седне на преговарачка маса, ако Русија се повлече од нејзината територија

Украина уште утре ќе седне на преговарачка маса, доколку Русија се повлече од украинската територија, порача претседателот Володимир Зеленски по завршувањето на дводневниот Самит за мир во Украина. Но, Путин нема да ја запре војната, и поради тоа тој мора да биде запрен на било кој начин, воен или дипломатски, рече Зеленски.

Во војна сме и немаме време за долготрајна работа. За придвижувањето кон мир е потребно брзо дејствување. За подготовките ќе бидат потребни месеци, а можеби и години, затоа кога акциските планови за мир ќе бидат подготвени а секој чекор испланиран, ќе се отвори патот за втор самит а со тоа и завршување на оваа војна и за праведен и одржлив мир, изјави зеленски.

Помошта од западот не е доволна за Украина да победи во војната, но самитот во најмала рака покажа дека меѓународната поддршка за Украина останува силна, оцени Зеленски.

Заедничката декларација го поддржа територијалниот интегритет на Украина, а вината за уништувањето и страдањата на цивилите предизвикани од војната ги лоцираше кај Русија. Исто така повика на земјата веднаш да ѝ биде вратена контролата врз нуклеарната централа Запорожје, како и пристаништата на Азовското море.

Но, не сите земји учеснички на самитот ја потпишаа заедничката декларација, меѓу кои Индија, Саудиска Арабија и Јужна Африка.

Веруваме дека е важно меѓународната заедница да го охрабри секој чекор кој ќе води до сериозни преговори, за кои ќе бидат потребни тешки преговори како дел од рамката која ќе доведе до мир, рече саудискиот министер за надворешни работи принцот Фајсал бин Фархан Ал Сауд .

Но, без учеството на Русија, и нејзиниот најголем сојузник Кина, многумина се прашуваат која е поентата да се одржува еден ваков самит.

Овој самит не треба да биде само средба меѓу пријатели. Ова треба да биде средба меѓу пријатели и непријатели. За да успееме во оваа позитивна траекторија Русија мора да биде на масата, рече кенискиот претседател Вилијам руто.

Иако многумина, особено од западните земји, се согласуваат дека Русија мора да биде вклучена, сепак посочуваат дека досега не дала ниту еден знак дека е подготвена да седне на преговарачка маса.

Вистина е дека мир во Украина не може да биде постигнат без вклучување на Русија. Но, не смееме да заборавиме дека додека ние зборуваме, Русија немилосрдно продолжува да ја води оваа брутална војна. Сите знаеме дека Русија уште денеска може да ја заврши војната, или било кога, штом го запре нападот и ја повлече својата војска од Украина. До денеска Русија одбива да го послуша колективниот повик за мир врз основа на меѓународното право и Повелбата на ООН, рече германскиот канцелар олаф шолц.

Многу од земјите се само индиректно засегнати од војната во Украина, а нивниот интерес на овој самит е гарантирање на извозот на храна, како и нуклеарната безбедност.

Има многу едноставни правила, на пример дека една држава не смее да го нападне својот сосед, не смее присилно да анектира територија, храната не е оружје, нуклеарните закани се неприфатливи. Ако не се водиме според овие правила, ако цврсто не ги браниме, тогаш нема да постои меѓународен поредок, порача шпанскиот премиер педро санчез.

За Русија самитот во Швајцарија е губење на време, а пред неговиот почеток Путин ги соопшти руските услови за мир, повлекување на украинската армија од четирите региони кои Русија ги припои кон себе, што за Киев и неговите поддржувачи е неприфатливо.

Повеќе од 90 земји и десетина глобални организации учествуваат на Самитот за мир во Украина, кој се одржува во Швајцарија. Неговата цел е обезбедување колку што е можно поширока поддршка за иницирање на процес кој ќе резултира со завршување на војната и траен мир во Европа.

Игор Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Боцевски во „Топ тема“: Принципот „100 дена“ е од времето кога веста за избор на влада патувала со коњ

Дејан Дејан

Муслиу во „Топ тема“: Видов ентузијазам и енергија кај премиерот, се надевам нема да ги загуби, има промена и во пристапот кон странските инвестиции

Дејан Дејан

Боцевски во „Топ тема“: Македонија повторно е на мапата на развојот, се враќаат инвестициите по седум години пауза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе