На третиот ден од Европското првенство во атлетика на програмата беа девет финални дисциплини.
Во претпладневната програма се одржаа полумаратонските трки во двете конкуренции, а во попладневната се поделија уште седум комплети на медали.
На 100 метри кај дамите триумф на Дина Ашер Смит која по пауза од шест години повторно се искачи на највисокото место на подиумот.
Во скок во височина славеше Украинката, Јарослава Махучик, а на 1500 метри најбрза беше Клара Магин од Република Ирска.
Во трискок триумф на Ана Пелетиро од Шпанија, на 3000 метри со пречки прва низ целта мина Геси Фелиситас Краузе од Германија, а на 800 метри златниот медал му припадна на Французинот, Габриел Туал.
ФОТО: Игор Паневски