Вести Свет Топ вести

Сите лица во малиот авион кој се урна во близина на Загреб се хрватски државјани

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го посети местото на несреќата на спортскиот авион „Цесна 182“, во која едно лице загина, а три се повредени и соопшти дека сите патници се хрватски државјани.

-За жал, едно лице почина, а на другите им е укажана помош“, рече премиерот и се заблагодари на цивилната заштита, пожарникарите, полицијата и лекарите од итната медицинска помош.

Сите повредени лица се згрижени и, според првичните информации, не се во животна опасност.

На местото на несреќата пристигнаа и претставници на агенцијата за истрага на несреќи во воздухопловниот, железничкиот и поморскиот сообраќај, кои ќе подготват извештај за причините за уривањето на малото летало.

Окружниот центар 112 пријавил дека во 15 часот и 47 минути добиле пријава за пад на авион „цесна 182“ со унгарски регистерски таблички и пет лица во него.

Двајца од полесно повредените се пренесени во болницата во Виноград, а сопатникот со повреди на главата е пренесен во друга клиника.

За лоцирање на соборениот авион на  службите им беа потребни час и половина, а Марин Лукас, шеф на станицата ХГСС во Загреб, за медиумите изјави дека се работи за пад на авион што се користел за транспорт на падобранци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Врховниот суд на Бразил ја поддржува декриминализацијата на поседувањето марихуана за лична употреба

Дејан Дејан

ЕУ очекува Македонија да ги донесе уставните амандмани и да продолжи по европскиот пат

Дејан Дејан

Повторното судење за пожарот во модуларната болница во Тетово е одложен за 25 септември, не дојдоа претставници на Клиничка болница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе