Вести Свет

Се урна хотел на островот Мајорка, четири жртви и 16 повредени лица

4 жртви и 16 повредени лица откако се урна хотелска зграда на островот Мајорка во Шпанија. Во несреќата што се случи, загинаа две Германки на возраст од 20 до 30 години, а покрај нив е и 23 годишна девојка и 44 годишен маж од Сенегал. Повредените се хоспитализирани. Премиерот на Шпанија, на неговиот профил ,,Х’’ изјави сочувство до семејствата на загинатите, а додаде и дека ги следи последиците oд несреќата која се случи на плажата Палма.

,,Хотелот се урнал најверојатно од прекумерна тежина, се истражуваат причините, а од ударот, 3 или 4 метри повеќе или помалку, ударот бил во трезорот кој исто така попуштил, а се наоѓал во подрумот на просториите. Ја финализираме работата за пребарување, ако погледнете назад овде, она што го правиме е обезбедување на местото, а работиме на завршување на случајот.“ изјави лице од пожарната служба.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Боцевски во „Топ тема“: Принципот „100 дена“ е од времето кога веста за избор на влада патувала со коњ

Дејан Дејан

Муслиу во „Топ тема“: Видов ентузијазам и енергија кај премиерот, се надевам нема да ги загуби, има промена и во пристапот кон странските инвестиции

Дејан Дејан

Боцевски во „Топ тема“: Македонија повторно е на мапата на развојот, се враќаат инвестициите по седум години пауза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе