Емисии Топ тема

Топ Тема: Кој и како успеа да го компромитира полагањето на државна матура? 04.02.2024

Што се случува кога испитот на зрелоста, ќе се заврши со препишување ? Последиците веројатно се не само правни, а обидот да се изиграат правилата не може и не смее да заврши со ад-хок реакции туку со темелно преиспитување не само на конкретните модалитети за полагање на државната матура, туку многу подлабоко: што е толку гнило во образовниот систем, што никако во тоа искачување на фундаменталните скалила во еден воспитно – образовен процес, за да не може нормалното да се да се воспостави како константа.

Кој и како успеа да го компромитира полагањето на државна матура? Како се заобиколени строгите правила? Кој препишувал, а кој не и со чија помош? Ќе има ли осговорноста име и презиме? Како до систем во кој учрниците ќе бидат субјект, а не објект? Одговорноста има име и презиме, и кај препишувачите и кај тие што го овозможиле тоа.

А претходно споменатите прашања се само обид да се отпочне една поширока дебата за сите аномалии во образовниот систем, оти се чини дека тоа што се случува со државната матура е само нус-продукт.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топ тема: Дали сме подобро подготвени или повторно ќе броиме колку хектари шума изгоре?

Sasko Dimovski

Топ тема: Каде се губи граѓанинот и јавниот интерес во вртлогот на божем реформи во судството, администрацијата и државните органи?

Sasko Dimovski

КОД: Дива сеча на шума во Јасен кај езерото Козјак

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе