Вести Економија Македонија Топ вести

Синдикатите бараат посебно министерство за труд, а партиите да престанат со вработувања во администрацијата

Синдикатите бараат посебно министерство за труд. Идната Влада веќе најави дека планира овој сектор да биде дел од Министерството  за економија. Но, од ССМ стравуваат со ваквата трансформација некои од работниците да не ја загубат работата.

-Не сакаме да бидеме доведени во некоја позиција во наредниот период од 6 до 12 месеци секторот труд да не функционира особено поради преселувањето во некое друго министерство. Нашата загриженост е токму таа да не се случи некој да го загуби неговото работно место од работниците кои се распоредени во министерствата во овој момент, да не се случи тие работници да останат без плата поради тоа што според нашите видувања и според нашите експерти во синдикатот во буџетот нема предвидено ставки за такви министерства, вели Слободан Трендафилов, претседател на ССМ  

Од ССМ сметаат дека во администрацијата не треба да има нови вработувања се до локалните избори кои треба да се одржат идната година. Се надеваат и дека политичките партии ќе престанат да ја трупаат администрацијата со вработување на свои луѓе,  кои потоа нема да можат даги платат.

-Јас сакам да верувам дека сите политички партии си ги исповработија сите луѓе кои сметаа дека треба да ги вработат.  Ќе кажам еден апсурд во македонски шуми, пред распишување на изборите вработија 550 нови вработени кои за само половина месец тропнаа на вратата на синдикатот поради тоа што не примија една втора и трета плата. Вие не можете да ги лажете веќе луѓето и луѓето не треба веќе да се залажуваат  дека некој ќе ги вработи некаде а потоа да немаат апсолутно никаква егзистенција, додава Трендафилов 

Синдикатите и со критика како за апанажи и повисоки функционерски плати секогаш се сите сложни и пари веднаш ќе се обезбедат, а за мало покачување на минималецот се преговара со недели. Се надеваат дека со најавениот ребаланс ќе се најдат пари за минималната плата годинава да достигне и до 450 евра, затоа што таа е најниска во регионот, а цените постојано растат.

Ирена Чачкова

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор

Дејан Дејан

Максим Димитриевски за владината реконструкција: Сите опции се на маса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе