Новинарите во Србија се на мета на закани поради начинот на нивното известување. Од написи, па се до репортажи, новинарите се чувствуваат се позагрозено кога е во прашање начинот на извршување на нивната професија.
Истражувањата покажуваат дека половина од новинарите во Србија подлегнуваат под цензура, а истите понатаму се откажуваат од пишување на написи поради закани. Истражувањето е направено од страна на Здружението на новинари на Србија.
Во соопштението за медиумите од Здружението, изјавија дека најчестите причини за небезбедност, при известување е притисокот кој го наметнуваат работодавачите.
Најчестиот вид на закана за слободата на известување на медиумите е економскиот притисок и несигурноста при извршување на работа, но како подоминантни се сметаат и вербалните закани.
Речиси сите новинари кои имаат пријавено вакви случаи, се жалат од незаинтересираноста на надлежните органи. За најголем број закани, според испитаниците, се сметаат од страна на анонимни испраќачи со 14,1 отсто.
Секој четврти новинар кој бил изложен на закани, напади и притисоци изјавил дека овие ситуации влијаеле на физичкото и психичкото здравје, додека 40 отсто од испитаниците забележале вознемиреност, чувство на непријатност и страв.
Истражувањето се заснова на анкета во која учествувале 130 новинари и други медиумски работници со цел да се испита безбедноста на новинарите во 2023 година.