Балкан Вести Свет

Партијата на Пленковиќ ХДЗ, повторно победи на изборите

Конзервативната партија ХДЗ, на чело со претседателот Пленковиќ, повторно победи на парламентарните избори во Хрватска. Изборите се одржаа вчера, a Пленковиќ по соопштувањето на првичните резултати се обрати веднаш. Тој во првичната изјава посочи:

,,Важно е што ХДЗ, трет пат по ред, убедливо победи на парламентарните избори.“ Од утре наутро ќе почнеме да работиме на формирање на ново парламентарно мнозинство, за да можеме да ја формираме нашата трета влада.“

Изборите во Хрватска беа проследени со oстра и тензична кампања, меѓу Пленковиќ и актуелниот претседател Милановиќ, кој на овие избори дејствуваше, како неформален лидер на опозицијата.

Од речиси 100 проценти обработени гласачки ливчиња, ХДЗ освои 61 од 151 пратеничко местo, додека опозициските социјал-демократи добија 42.

И покрај амбициозните најави на хрватскиот премиер, за формирањето на новата влада, ќе и биде потребен и коалициски партнер. Според хрватските медиуми, тоа најверојатно ќе биде десничарска партија Татковинско движење, која освои 14 мандати.

Опозицијата го призна поразот, но според нив, резултатите покажаа дека мнозинството на Хрвати сакаат промени. Пеѓа Грби, претседателот на СДП, во неговото обраќање, додаде:

,,И сега ајде да зборуваме за она што ни претстои. Овие резултати секако не се такви како што ние сакавме да бидат. Тие покажаа дека две третини од Хрватите сакаат промени. Две третини од Хрватите не се задоволни со она што се случува во земјата и што гледаат околу нив.”

И двете најголеми политички партии, најавуваат дека ќе се обидат да формираат влада, но за да успеат во тоа, потребни се долги и макотрпни преговори меѓу партии, кои имаат дијаметрално спротивни ставови.Аналитичарите предупредуваат дека ова е рецепт за идна политичка нестабилност во земјата, која има најголема стапка на инфлација во еврозоната.

Теа Димковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Празни најави на Мицкоски за случајот во Гостивар, време е да се се преземе одговорност

Igor Trajkov

Мицкоски за случајот во Гостивар: Одговорност ќе има, јавноста ќе добие одговор што се случило

Igor Trajkov

47-ми „Марш на ангелите“ – пораки до институциите кои потфрлиле да ги заштитат младите животи

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе