Балкан Вести Најважни

Потрагата по малата Данка се уште трае

Потрагата по малата Данка се уште трае. Осомничените за нејзиното убиството добија 30 дена притвор . Утринава се уапсени уште две лица кои се поврзани со ова злодело.

Ј. С. и Д. Д., се уапсени поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело тешко убиство во соучесништво.

Братот и таткото на еден од притворените се уапсени кои се под сомнение дека му помогнале да го сокрие телото при што се здобија со 48 часа притвор.

Двајцата осомничени биле сослушани во обвинителството во Заечар. Едниот од нив фо признал делото а другиот се бранел со молчење. На нив им беше одреден притвор од 30 дена за да се спречи опасноста од бегство.

Според српскиот министер за внатрешни работи, има сознанија дека телото е префрлено на друга локација.  Од депонијата каде првично го оставиле телото потоа го пренеле на локација која засега не е позната.

Началникот на управата за криминалистичка полиција пак, ја увери јавноста дека нема да застаната со потрагата додека не го најдат телото на девојчето.

– Повторно ќе ги пребараме нивните куќи и околината, септички јами, гробишта. Осомничените ја признаа вината и детално ги опишаа своите улоги, но главниот осомничен не кажува каде го скрил телото, наведувајќи дека не се сеќава и нема да зборуваризнанијата на осомничените за тоа што се случи, а кои се сослушани одделно, целосно се поклопуваат. – изјави  за ТВ Прва началникот на Управата за криминалистичка полиција Нинослав Цмолиќ .

Од осомничените за убиството во околината на Бор нема нови информации. Како штп изјави Цмолиќ, тие повторно ја раскажале истата приказна, дека ја удриле со автомобил. Го подигнале детето од подот , го ставиле во задниот дел на возилото. Но кога по неколку метри возење девојчето се разбудило, го задушиле. Потоа нејзиното мртво тело го оставиле во депонија. Но подоцна сопатникот се вратил и го пренел телото на друго место.

За телото на девојчето вчера се трагаше на местата од каде потекнуваат осомничените, како и на депонијата на стариот пат за Бањско. Пребарана е и фармата на дедото на еден од осомничените.

Борчани завиени во црно жалат по малото девојчето. Оддавајќи почит на детето, палат свеќи и оставаат цвеќе на градскиот плоштад кај домот на културата.

Марија Коцева


 

 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе