Вести Македонија Топ вести

Собранието ќе го продолжува рокот за автопатот Кичево – Охрид на итна седница

Собранието денеска ќе одржи итна седница на која по скратена постапка треба да ги изгласа измените на законот за автопатот Кичево – Охрид, со кој рокот на изградба се продолжува за уште три години, до крајот на 2026 година. Со досегашните анекси, рокот на завршување беше до Нова година. Не се предвидуваат дополнителни пари за изградба, цената останува 598 милиони евра.

Собраниските служби информираат дека итната седница се закажува по барање на група пратеници од опозицијата и од мнозинството, а по нивна меѓусебна координација.

Владата претходно соопшти дека е неопходно продолжување на рокот поради појавата на нови свлечишта.

Делници од патот во рамничарскиот дел на трасата треба да завршат порано бидејќи се скоро готови и нема ризик од свлечишта по нив. За делот од Кичево до тунелите кај Пресека ќе треба повеќе време, а од после тунелите кон Охрид треба да биде пуштен во употреба веќе наредната година летото, освен делот од Песочани до Требеништа кој треба да се гради до октомври 2026.

Автопатот Кичево – Охрид почна да се гради во февруари 2014 година. Требаше да чини 375 милиони евра и да заврши во 2018 година. Со низа анекси на договорот, рокот за изградба пет пати се продолжуваше, а цената растеше. Досега се потрошени околу 440 милиони евра, а остануваат уште 160 милиони евра за завршување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гир до Сиљановска-Давкова: Очекувам тесна соработка за европската иднина на земјата, Вархеј очекува забрзување на реформите

Дејан Дејан

Еурактив: Се чини дека Северна Македонија ќе биде во судир со Грција и со Бугарија

Дејан Дејан

Најдоцна 20 дена по одржаните избори Собрание се состанува на конститутивна седница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе