Вести Македонија Најважни

Траекторија на свлечиштата: Досега платени 440 милиони евра, за довршување уште 160 – две нови свлечишта на автопатот Кичево – Охрид

На автопатот Кичево – Охрид има уште две нови свлечишта, односно 13. Рокот за изградба на патот е пробиен, но надлежниот министер Бочварски и директорот на државни патишта, надзорот и градежните инженери со свои очи ги гледаа проблемите за кои тврдат дека не се пропусти и грешки туку предизвик за големи градежни проекти.

Патот кој требаше да функционира,од високо се гледа асфалтот, но од страните, на планинските падини се гледаат и свлечиштата. Автопатот Охрид-Кичево требаше да биде готов во јануари, но оправдувањата се дека новите свлечишта, вкупно 13 со две новоотворени изминатата есен го оневозможуваат крајот на работите.

Од надзорот велат дека не треба јавноста да смета дека имало грешки во планирањетои истражувањето на теренот туку за предизвик од природата кој не се планира

Заедно, професорите од градежниот факултет и инжинерите од надзорот, велат дека предизвиците донеле нови квалитети на македонското градежништво. Но, таа лекција е скапа.

Досега се платени околу 440 милиони евра, има уште околу 160 милиони евра за довршување на патот. Во тек се преговори со главниот изведувач кинеската компанија Синехидро како да се зголеми безбедноста на патот со нови косини и да се санираат свлечиштата.

Дали ќе треба уште пари покрај првичните 600 милиони евра не се знае, не се знае ниту конечниот рок за изградба иако оечкувањата се дека крајот ќе дојде на крајот на годината.

На трасата со надзорот и професорите беше и врвот на министерството за транспорт врски и на надлежното Јавно претпријатие за државни патишта. Со цел да ја смират јавноста дека патот ќе биде завршен.
Ако не, во моментот се преговара со Синехидро, 5 поделници на патот да бидат завршувани засебно и засебно пуштани за сообраќај.

Автопатот Кичево-Охрид веќе го има епитетот историски, не поради нова технологија или изуми во градежништвото туку по траењето на изградбата. Цела деценија трае, а најотимистичките прогнози се дека до крајот на годината ќе заврши.

Од Извор, Кичево, Миомир Серафиновиќ, ТВ Телма.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Битиќи, Тренчевска и Костадинов поднесоа оставки по убедливиот изборен пораз на СДСМ

Дејан Дејан

Како СДСМ за првпат станува трета политичка сила во македонскиот парламент, распоред на силите во новиот парламентарен состав

Дејан Дејан

Западните сили ризикуваат глобален судир, никому нема да дозволиме да ни се заканува – Путин на 79-годишнината од победата над фашизмот   

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе