Вести Македонија Топ вести

Телефонот ѝ е исклучен и од саботата наутро нема никаква трага од неа – во Скопје исчезна 20-годишна студентка од Албанија

Од апел за помош, до пријава во полиција. Дваесетгодишна студентка од Албанија која студира и престојува во Скопје, викендов исчезнала на десетина километри од центарот на градот.

Нејзина другарка објави на социјалните мрежи, апелот се споделува и информацијата веќе се прошири – но, сѐ уште нема трага од 20-годишната Енкеледа Чела.

„Најпрво, јас добив информација од другарка којашто заедно живее со неа во Илинден и заедно работат. Последен пат се видов со неа во петокот вечерта, помеѓу 20 и 21 часот“, вели Јоана Манојловска, другарка на исчезнатата, во телефонска изјава за Телма.

Енкеледа Чела престојува во населба Илинден, додека студира на Економски факултет.

Неофицијално, девојката последен пат била забележана вчера наутро на бензинска пумпа во оваа скопска населба. Била облечена во фармерки и црна јакна, а со себе носела ранец.

„Според кажувањата на нејзините другарки, студентката од Албанија често практикува самата да се прошета во текот на денот. Шеталиштето во населба Илинден е едно од нејзините омилени места.“

Од Полиција потврдуваат дека примиле пријава за случајот, без детали за преземените мерки и активности.

“На 30 март, во Полициското одделение Петровец, Г.Т. пријавила дека Е.Ч.(20) од Република Албанија се оддалечила од домот во Скопје каде престојува. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Пронајдена кај хотел „Белви“ во добра состојба – заврши потрагата по студентката од Албанија која беше пријавена за исчезната

Јоана, другарката на исчезнатата вели дека покрај надежите во полицијата, пријатели на Енкеледа и други лица се самоорганизираат за да пронајдат барем некаква трага.

„Другата другарка веќе има екипи, физички лица и не знам дали институциите се имаат вклучено во потрагата. Само ние ете со велосипеди, со автомобили ја бараме меѓутоа немаме трага од неа. Не знам колку е точно, но на другарката во полиција ѝ рекле „чекајте вести, читајте црна хроника“, затоа што не можеле да земат налог и да почне истрагата бидејќи не се поминати 24 часа“, додава Јоана, другарката на Енкеледа, во телефонската изјава.

Девојката е висока 160 сантиметри, тежи 55 килограми, има црвено-кафеава коса, кафеави очи. Носи фармерки, црна јакна и ранец.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ДИК: Излезноста на гласачи до 9 часот помала во однос на 2019 година

Дејан Дејан

На гласачкото место 2640 повеќе гласачи утрово во однос на првиот круг претседателски избори

Дејан Дејан

Гласачките места отворени на време, доцнеше почетокот на избирачко едно место во Тетово поради проблеми со апаратот за идентификација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе