Вести Македонија Топ вести

ОПМ контра Стопанската комора – Треба да има листа со ограничени маржи, 2500 производи не се многу

OPM logo, organizacija na potrosuvaci

Организацијата на потрошувачи со спротивен став од Стопанската комора. Листа на производи со ограничени маржи треба да има и таа треба да опфати голем број производи.

Министерот за економија Крешник Бектеши претходно соопшти дека на стопанските комори и на заинтересираните страни им била доставена листа од околу 2500 прехранбени и земјоделски производи кои ќе имаат ограничена маржа. Конечната листа ќе биде подготвена кога засегнатите ќе дадат свои мислења за неа, но Бектеши рече дека таа не би требало да има помалку од 2300 производи.

Организацијата на потрошувачи на Македонија вели дека таква листа треба да има и оти 2500 производи не се многу. Ако сметаат дека некој производ не треба да биде на листата, треба тоа сериозно да го образложат. Искуството покажа дека пазарот бавно ги регулира цените, вела тие.

„Не може баш така лесно да се регулираат цените со самиот пазар, затоа што и пазарот е сè уште рестриктивен. Гледаме дека цените се зголемуваат, се билдаат со други трошоци и поради тоа е ова. Поради ограничување и заштита и на самите производители, но најмногу заштита на потрошувачите, како крајни купувачи на одреден производ“, вели Маријана Лончар Велкова од Организацијата на потрошувачи на Македонија.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески вчера рече дека таква листа не треба да има, а цените да се регулираат преку пазарни механизми.

Собранието пред околу две недели го изгласа Законот за нефер трговски практики, со кој меѓу другото им се забранува на трговците да им наплаќаат на добавувачите за внесување нов производ на пазарот, за преуредување на продавниците или за отворање нови, да ги условуваат со компензација или да им забранат да им продаваат земјоделски и прехранбени производи на други продавачи по пониска цена. Власта смета дека ова ќе доведе до намалување на цените на храната.

Законот предвидува, Министерството за економија да објави листа на производи со ограничена маржа од 10 отсто.

На почетокот на месецов заврши владината мерка за замрзнување на цените на основните прехранбени производи, по што следеше поскапување.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека инфлацијата во изминатата година се стабилизира на околу 3 отсто, но претходно, за две години храната поскапе за скоро 40 отсто.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гир до Сиљановска-Давкова: Очекувам тесна соработка за европската иднина на земјата, Вархеј очекува забрзување на реформите

Дејан Дејан

Еурактив: Се чини дека Северна Македонија ќе биде во судир со Грција и со Бугарија

Дејан Дејан

Најдоцна 20 дена по одржаните избори Собрание се состанува на конститутивна седница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе