Вести Економија Македонија Најважни

Само производите со 5 отсто ДДВ да бидат со ограничена маржи, Стопанска комора бара измени во листата од министерот Бектеши

Маржата да се ограничат само на прехрамбените производи кои се со  ДДВ од 5 отсто.  Ова е предлогот на Стопанската комора откако од таму ја  разгледаа листата од министерот  Бектеши на која се најдоа над 2. 500 продукти за кои се смета дека во иднина треба да бидат со ограничени маржи до 10 проценти.

Ако се прифати предлог од  комората, од списокот треба да се тргнат цигарите,  алкохолните производи, но и други продукти кои се со ДДВ повисоко од 5 отсто и се сметаат за луксуз.  На прашањето дали  со ваквиот предлог, мерката со која се планира да се контролираат цените би имала ефект, претседателот на комората Азески рече дека тие нема да бојкотираат било каква мерка и да се донесе, но лично смеат дека ваков список со производи на кои би се ограничиле маржите не треба да има.

Треба да се наоѓаат други мерки за решаваме на тоа прашање што се пазарни, затоа што кога ќе дојде до вакви мерки се отвара прашање  што и како ќе се имплементира. Ние ќе учествуваме во сите мерки, нема да бојкотираме никакви мерки, но најдобро е да се има други мерки пазарни кои преку стоковите резерви, преку други механизми ќе го порамнат пазарот затоа што ние живееме во пазарна економија. Да нема листа, вели Бранко Азески, претседател на СКМ

Пред извесно време министерот Бектеши листата со над 2.500 производи  ја достави до сите комори и до Организацијата на потрошувачи. На списокот  се најдоа млечни производи, месо, овошје, зеленчук пијалоци.

Оваа листа би се трансформира во правилник, откако ќе стапи на сила и Законот за нефер трговски практики кои пред скоро помина во Собранието, а кој се очекува да стави крај на проблемите со цените.

Потегот за ограничување на маржите  доаѓа откако се укина мерката со која цените на дел од продуктите извесен период  беа замрзнати, по што дојде до поскапување.

Инаку, во регионот Црна Гора е една од земјите која одлучи да ги ограничи маржите на околу 500 тини  производи.

Ирена Чачкова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе