Вести Македонија Најважни

И по четири постигнати гола, ќе одиме на петти – ВМРО-ДПМНЕ најави изборна трка како германски фудбал

Облечени во црно-бели комбинации, кандидатите за пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ се претставија пред членството. Боја на бината внесоа носителите на изборните листи кои побараа голема излезност и ветија одговорност. Партискиот лидер рече дека негативните работи кои се случуваа во триесетте години независност доведоа до незаинтересираност и кревање раце на  народот, но политичките елити токму тоа го посакуваат. Побара народот да гласа масовно, меѓу другото и за тоа, ДУИ конечно да заминат во опозиција.

Мицкоски порача и дека овие избори се последниот час да победат пристојните луѓе и разумот, државата да се обнови, а надежта да се врати.

Единствената жена носител на листа, која ја предводи листата во шестата изборна единица, се изрази со спортски речник.

Останатите носители открија дека „Македонија повторно твоја“ не е случаен слоган, туку ја отсликува реалноста дека многумина сега не ја чувствуваат државата за своја, се пакуваат и си заминуваат од неа.

Во програмата оваа партија нуди 1.198 проекти во кои фокусот е на подобрување на животниот стандард и економијата. Партијата ветува 3 милијарди евра за капитални инвестиции, нови 55.000 работни места до 2028 година, рамни и ниски даноци кои создаваат фер услови, борба со сивата економија, изградба на енергетски капацитети и создавање на Министерство за енергетика. Се најавува и економски раст од 5 %, повисоки пензии за 5.000 денари уште во првата година, поддршка на младите и семејствата, 6 бесплатни ин-витро интервенции за идните родилки, по 50 милиони евра за спортот и културата и 800 милиони евра за земјоделството.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бектеши: Со вакви ултиматуми од ВМРО-ДПМНЕ преговорите со ВРЕДИ ќе пропаднат

Дејан Дејан

Заев, Русковска, Спасовски на листата од 32-ца за кои Боки 13 поднесе кривична пријава

Дејан Дејан

ГС на ОН изгласа резолуција со која се зајакнува позицијата на палестинската мисија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе