Вести Македонија Најважни

Денеска ВМРО-ДПМНЕ, утре СДСМ – најголемите македонски партии викендот го откриваат кандидатските листи

Најголемите македонски партии викендов ќе ги промовираат кандидатските листи за пратеници за претстојните парламентарни избори. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека денеска ќе ги промовира кандидатите за пратеници на коалицијата „Твоја Македонија“, а според најавите, СДСМ утре ќе ги промовира листите за пратеници на Коалицијата за европска иднина.

Во пресрет на претседателските и парламентарните избори, веќе се искристализирани пет коалиции и две партии кои ќе одат самостојно. На помалку од една недела до официјалниот почеток на изборната кампања дефинирани се коалицииите – „Коалиција за европска иднина“ предводена од СДСМ, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Храбро за Македонија“ предводена од ГРОМ, коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ и коалицијата „Вреди“ на албанската опозиција. Самостојно на изборите, според досегашните најави, одат ЗНАМ – За наша Македонија и партијата „Левица“.

Учесниците на изборите до 2 април треба да ги достават кандидатските листи за пратеници до Државната изборна комисија. Парламентарните избори се закажани за 8 мај, а следната недела на 4 април почнува и изборната кампања за седмите претседателски избори за кои во првиот круг ќе се гласа на 24 април.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Италија повеќе не ги прифака македонските возачки дозволи, се појави ризик иселениците да останат без работа

Kristina Kuzmanovski

Нови 106 случаи на труење во Гостивар за 24 часа – вклучен аларм за жолтица

Kristina Kuzmanovski

МВР со апел: Внимавајте, лажни пораки од „Безбеден град“ крадат информации

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе