Вести Македонија Најважни

Предизборното здружување финишира

Дваесет и четири опозициски партии, здружени во коалиција наречена „Твоја Македонија“, ќе се обидат на овие избори да ја освојат власта. Кон ВМРО-ДПМНЕ и трационалните партнери, денеска се приклучија и „Достоинство“ на Стојанче Ангелов, „Обединети за Македонија“ на Љубе Бошковски, „Демократски сојуз“ на Павел Трајанов, „Глас за Македонија“ на Солза Грчева и „Македонски концепт“ на Петар Богојески. Тврдат дека се фокусирани на позитивна кампања и апелираа за масовна излезност на изборите, особено затоа што очекуваат и политичките опоненти да го мобилизираат членството.

Новите партнери ги нема на изборните листи, но им се ветени директорски позиции, доколку биде освоена власта. Пратеничките позиции и кај СДСМ се резервирани само за нив и за традиционалните партнери. И тие вчера потпишаа коалициски договор, а разговараат и со други организации со кои би потпишале меморандуми за соработка на изборите.

За разлика од нив, лидерот на ДУИ широкоградо дели места на изборните листи за новите партнери. Деновиве за првпат потпишува договори за коалицирање и со Ромите и со Турците. Денеска потпиша договор со претседателот на организацијата „Движење на Турците во Македонија“, Сулејман Баки, кој ќе биде и носител на листата во третата изборна единица.

Преку Турците, Ахмети повторно за првпат ќе се обиде да добие пратеничко место и од источниот регион. На потпишувањето беше и Сали Мурат, поранешниот претседател на Уставен суд. Бидејќи немаат партија, на изборите ќе бидат дел од Европскиот фронт, а за понатамошното делување, ќе одлучуваат понатаму. Ахмети убедува дека ова нема да биде краткорочна соработка.

Ахмети утре во Гостивар ќе потпише договор и со Зијадин Села, кој ќе биде носител на изборната листа петтата изборна единица.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе