Вести Македонија Топ вести

Над 40 прегледани снимки, разговори со преку 15 лица, во потрага по одговорот – кој го уби лекарот во Железара?!

Убиецот на 67-годишниот матичен лекар од Скопје сѐ уште е непознат за јавноста, но истрагата е во напредна фаза.

Од полиција за Телма информираат дека се прегледани повеќе од четириесет камери, вклучувајќи ги и камерите на Безбеден град. Извршени се и службени разговори со повеќе од петнаесет лица.

Потрагатата по одговорите за убиството трае веќе четврти ден. Матичниот лекар бил убиен со девет убоди од остар предмет, непосредно пред својата ординација, кај поликлиника „Железара“.

„Се врши дополнителна криминалистичко техничка обработка на предметното возило. Се обезбедуваат листинзи од телефонски броеви и се врши нивна анализа. Истрагата е во напредна фаза. Единицата за насилен криминал при СВР Скопје во содејство со ОЈО интензивно работат на расчистување на случајот“ информираат од Министерството за внатрешни работи.

Убиството на матичниот лекар ја згрози фелата, но внесе и страв помеѓу медицинските работници.

Матичните лекари денес четири часа не работеа во знак на револт, а пациентите имаа разбирање, велат од Здружението на приватни лекари. Ги повикаа надлежните да го донесат Законот за докторска дејност, со кој ќе се заштити работата на лекарите.

Денес, претседателката на здружението ова лично му го кажала на министерот за здравство.

Сите чекаат информации, но и итна разрешница на случајот со убиството на нивниот колега.

„Во кругот на здравствен дом е убиен докторот така што очекуваме органите на прогонот да нѝ кажат што се случува. Инаку ние вака се чувствуваме небезбедни бидејќи сите имаме пациенти коишто се психички нестабилни, пациенти коишто се зависници, со анксиозно-депресивни состојби, биполарни растројства“ вели д-р Лилија Чолакова – Дервишова, претседател на Здружението на приватни лекари.

 

„Во Клинички центар има полициска станица која пружа безбедност на медицинскиот персонал. Тоа треба да се анализира и да се применува во секоја јавна здравствена институција. Мислам дека засиленото полициско присуство драстично би ја намалило злоупотребата на лекарите и медицинскиот персонал“, изјави д-р Илир Демири, министер за здравство.

Безживотното тело го пронашле синовите на лекарот, откако тој неколку часа не се враќал дома, по завршување на смената на работа.

Лекари од Итната медицинска помош само констатирале смрт.

Јавен обвинител издаде наредба за обдукција на телото на убиениот.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел планира копнена офанзива во Рафа – предупредување на палестинскиот претседател Абас

Дејан Дејан

Пет лица загинаа, 33 се повредени, 140 фаврички погони се оштетени – торнадо во Кина

Дејан Дејан

Над 800 лица се заразени со норовирус на фестивал во Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе