Останато Спорт

Австрија пред Словенија и Норвешка на Планица: Утре се решава победникот во ски летови

Австрија го освои последното тимско натпреварување во ски летови оваа сезона на завршницата во Светскиот куп во ски скокови што се одржува на Планица во Словенија.

Поради силниот ветер денеска на Планица, организаторите ја откажаа втората рунда. Австрија го освои првото место со вкупно 803,8 бодови, а најдобар беше Даниел Хубер, кој оствари скок од 244 метри. Во победничкиот тим беа уште и светскиот шампион Штефан Крафт, кој интересно имаше најслаб скок од сите Австријци денеска, а тука беа Даниел Шефенинг и Михаел Хајбек.

Словенечкиот тим го освои второто место со 793,3 бода, додека трети финишираа Норвежаните.

Утре на Планица е закажано последното индивидуално натпреварување во сезоната, а интересна ќе биде борбата помеѓу Штефан Крафт и Петер Превц за титулата во ски летови. Крафт моментално има предност од 34 поени во поредокот пред Словенецот, кој ќе биде силно мотивиран од домашните фанови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Градското дерби без победник, по гол и бод за Работнички и Македонија ЃП

Дејан Дејан

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе