Uncategorized Вести Македонија Најважни

Петличковски: Децата со три примени дози ДТП во последните шест месеци да можат во градинка, периодот за ревакцина од една година, се крати на шест месеци

Децата кои ја завршиле примовакциналната серија во последните шест месеци, треба да им биде дозволено да влезат во градинка, со напомена дека ревакцината треба редовно да ја примат во наредниот период, односно најрано шест месеци од примањето на третата доза, изјави доктор Александар Петличковски по денешната вонредна седница на Комисијата за заразни болести. Притоа тој ги објасни и препораките кои беа дадени во изминатиот период.

„Дообјаснувањето се однесува на деца кои примиле вакцинална серија од три дози. Ја завршиле примоимунизацијата во последните шест месеци и сега им следува ревакцина која во стандардниот календар беше препорачано да се прима на една година, сега го кратиме тој период на шест месеци“, изјави доктор Петличковски.

Тој потенцира дека состојбата не е добра, не е стабилна.

„Во оваа состојба сме се довеле поради долги години неодговорно однесување на многу граѓани. Оној податок од 50 проценти вакцинирани деца во градинките е поразителен за државата. И тука мора многу да работиме“, порача првиот човек на Комисијата за заразни болести.

Доктор Петличковски не исклучи можност да се излезе со построги епидемиолошки мерки во наредниот период, во зависност од развојот на ситуацијата со пертусис (Голема кашлица), состојба која е регистрирана кај 170 случаи во Скопје и 200 во цела држава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе