Вести Македонија Најважни

Започнаа вонредните инспекциски надзори на ДСЗИ во градинките

Државниот санитарен и здравствен инспекторат започна со вонредните инспекциски контроли на вакциналните картони во градинките. Родителите во најголем дел ги одобруваат ваквите мерки и велат дека и самите во континуитет инсистираат на почитување на истите. Сепак за некои ваквите мерки се задоцнети, доколку имаме предвид дека Центарот за јавно здравје -Скопје по препорака на Комисијата за заразни болести прогласи епидемија на голема кашлица уште пред месец дена, но се чекаше Министерството за здравство да му наложи писмено на ДСЗИ за ваквите вонредни инспекциски надзори.

-Требаше многу порано, затоа што многу болни деца има, а страдаат тие што се вакцинирани. И секогаш нашава татковина си доцни за се и за сите мерки. Нашиве деца се вакцинирани точно како што треба и на време.

– Немаме ниту една вакцина пропуштено и тоа би го повторила и сега. Конкретно за нашава градинка, затоа што мене ми е важно да има вакцинирани деца околу моето дете, јас прашав дали се вакцинирани и за оваа градинка сум сигурна дека тоа беше така уште од самиот почеток кога излегоа првите информации од Комисијата за заразни болести и слично. Тука дури и беа вратени деца за ревакцина и конкретно групата на моето дете е целосно вакцинирана.

– Во ред е да се провери доколку има дечиња кои заради одредена причина не можат да се вакцинираат, веројатно постои начин и тоа да се реши. Не е во ред да се врбува детето да се вакцинира ако не смее.

Денес инспекторите на ДСЗИ ги поделија решенијата за забрана за прием на невакцинирани и делумно вакцинирани деца во градинките.

Јас се надевам дека во текот на утрешниот ден ќе ја имам и првата информација како се одвиваат надзорите во градинките. Ваквите инспекциски надзори се во државните и во приватните градинки. Секако мерката важи и за државни предучилишни установи и за приватните предучилишни установи, изјави директорката младеновска. 

На прашањето зошто и покрај тоа што на 8 февруари беше прогласена епидемија на пертусис дури денес стапуваат на сила инспекциските надзори на ДСЗИ, министерот Демири вели дека и покрај тоа што имало подготовки како да се постапи во епидемија тој бил министер само три недели недели.

Јас знам што е препорака на Комисија за заразни болести, знам што е моја препорака, а официјализација со документ е од денеска, но ние не функционираме само на писмено дадени наредби, туку поодамна пристапено и имам изјавено дека треба да се вратат тие деца кои се невакцинирани, рече министерот демири.

Во вакциналните пунктови повторно расте интересот за имунизација, по стапувањето на сила на мерката децата кои не се вакцинирани и оние кои се делумно вакцинирани да не се примаат во градинките. Па така уште во почетокот на првата смена за само еден час имало десетина деца за вакцина и голем број родители кои дошле за потврда за редовно вакцинирани деца. Со кои проблеми сега се соочуваат медицинските лица:

Исто така утрово се соочуваме и со други проблеми затоа што градинките ги враќаат дечињата кои се без четири дози на ДИ ТЕ ПЕР вакцина. Тука сакам да кажам дека не може сите деца веднаш да ги примат сите четири дози. Значи ние имаме дечиња кои на три или четири годишна возраст прв пат примаат ДИ ТЕ ПЕР вакцина прва доза и постои законско одредено растојание помеѓу дозите кои мора да се почитува, така што дополнително останува проблемот со тие дечиња како ќе бидат процесирани и дали воопшто ќе можат да посетуваат градинка со тоа што доколку сега примаат прва, втора или трета доза тие се пак некомплетно вакцинирани, вели спец. д-р Сања Цилевска- Младеновска од вакцинален пункт „Букурешт“.

Само минатата недела Институтот за јавно здравје регистрираше 50 нови случаи на голема кашлица. Денес Центарот за јавно здравје- Скопје потврди 3 нови случаи, сите целосно вакцинирани, двајца се на училишна возраст и една 24 годишна жена.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Раст на цените на јајцата во ЕУ 

Дејан Дејан

Според истражување во Србија 70 отсто од испитаници не гледаат решение во власта и опозицијата

Дејан Дејан

Зеленски најави привремен чекор кон договор за суровини со САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе