Останато Спорт

Планинската трка „Крали Марко треилс“ ќе се одржи во недела по 11-ти пат

Трката во планинско трчање „Крали Марко Треилс“ во недела на 10.март ќе се одржи по 11-ти пат во Прилеп. Ќе учествуваат 250 натпреварувачи од повеќе земји, кои ќе трчаат низ живописниот прилепски регион.

„Крали Марко Треилс“ се состои од две трки. Првата трка наречена „Трескавец треил“ е долга 18 километри и за неа има пријавено 160 натпреварувачи кои ќе трчаат од Варош во Прилеп па преку Марковите кули патеката ќе ги однесе кон Манастирот Трескавец и потоа назад во Прилеп.

Втората трка, „Камена Баба треил“ е во должина од 35 километри и во неа учество ќе земат околу 80-тина натпреварувачи. Патеката почнува исто така од Варош и продолжува до манастирот Трескавец па низ карпестите предели преку Камена Баба.

На трката која се одржува од 2011 година, ќе учествуваат околу 200 натпреварувачи од Македонија, додека останатите 50-тина се од 12 странски држави. Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димитриевски награден со нов договор за одличните настапи за Валенсија

Sportska Redakcija

Никс направија „брејк“ против Сан Антонио на стартот на финалето (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Почина легендарниот кошаркарски коментатор Един Авдиќ

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе