Останато Спорт

Трајковски го освои 12. место на СП во атлетика во сала

Македонскиот репрезентативец во скок во далечина, Андреас Трајковски го освои 12. место на Светското првенство во атлетика во сала што се одржува во Глазгов.

Трајковски во првите три серии имаше најдобро постигнување од 7 метри и 73 сантиметри и за само три сантиметри не успеа да се пласира меѓу осумте најдобри и да се избори за уште три скока во финалето.

Македонскиот атлетичар имаше идентичен резултат со Божидар Сарабојуков, но Бугаринот заврши на 11-тата позиција бидејќи вториот скок беше подобар од оној на Трајковски.

Пред нашиот репрезентативец се пласираа Уругваецот, Емилијано Ласа и Џиа Нан Ванг од Кина кои имаа најдобар скок од 7 метри и 74 сантиметри додека осмопласираниот Вилијам Вилијамс од САД по првите три серии имаше скок од 7 метри и 76 сантиметри.

Златниот медал го освои Гркот, Милитијадис Тентоглу кој во првата серија доскокна на 8 метри и 22 сантиметри колку што имаше и второпласираниот Матија Фурлани од Италија, но вториот скок му беше за пет сантиметри покус во однос на ривалот.

Бронзениот медал му припадна на Кори МекЛеод од Јамајка кој во претпоследната серија забележа скок од 8 метри и 21 сантиметар.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бостон ја заврши работата против Мајами, Далас со победа од 30 разлика во Лос Анџелес (ВИДЕО)

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Воска Спорт ја отпиша Македонија ЃП од трката за опстанок во ПМФЛ

Desk

ФОТО галерија: Градското дерби без победник, по гол и бод за Работнички и Македонија ЃП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе