Вести Македонија

Омбудсманот заедно со службите од МВР барале „заталкани“ и неиздадени готови документи

Педесетина претставки и безброј нотирани проблеми. Народниот правобранител повторно испрати порака до МВР – службите да бидат поефикасни.

Наводите во претставките се потврдени, информира Насер Зибери. Граѓаните покрај тоа што едвај закажале термин, се соочиле со проблеми и во подигнувањето на јавните исправи.

Тимови на Народниот правобранител заедно со службеници од министерството барале готови документи, по укажувања од граѓани на кои иако итно им бил потребен пасош за лекување во странство или за службено патување – не успевале да го подигнат.

„Нашите екипи во соработка со службите во Министерството за внатрешни работи случаите ги решаваат непрекинато. Но, да се разбереме! Ова е неприродна ситуација. Министерството за внатрешни работи е должно да го прави тоа по службена должност, а не по наше барање дека тој и тој граѓанин има итна и недложна потреба од патување, па ајде да ја бараме личната исправа“ изјави народниот правобранител, Насер Зибери.

Матичен и телефонски број – со овие податоци, од денес граѓаните можат на интернет да закажат термин. По извесен период, МВР повторно ја стави во функција оваа можност на веб-страницата.

Се одбира документот за кој се закажува фотографирање. Потоа, службите ќе ве контактираат за да се комплетира барањето, наведуваат од министерството.

Претходно, надлежните информираа за закажани 14 илјади термини во само еден ден.

Телефонската линија најчесто е преоптоварена, а според министерот Тошковски, се случува да има и над петстотини повици во исто време.

Од почетокот на годинава поднесени се 216.000 барања за пасоши на ниво на цела држава, плус оние од дијаспората.

Властите смируваат дека во наредниот период нема да има застој во работата бидејќи веќе пристигна новата пратка со обрасци со новото уставно име.

Службите ги повикуваат граѓаните кои имале термин од мај до декември, да се фотографираат порано.

Од МВР уверуваат дека се бара начин и за граѓаните кои имаат термин во април, да бидат повикани барем еден месец порано на сликање.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе