Вести Македонија Најважни

До утре пристигнуваат нови обрасци, луѓе се повикуваат порано за сликање, а рефундација на парите за документи – најрано на лето

Рефундација на граѓаните кои беа приморани да ги променат личните документи е можно најрано во лето.

Новата Влада ако одлучи, ќе може да се реализира такво нешто, вели дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев.

Ова прашање се најде на првата седница на Влада, на барање на Талат Џафери, веднаш откако тој седна во премиерското столче на почетокот на февруари.

Тогаш, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, потврди дека се разгледува опцијата за надомест на паричните средства, на граѓаните кои веќе платиле.

„Откако се распишани изборите, ние немаме такво законско право. Тоа ќе се смета за поткуп. Кога ќе завршат изборите и кога ќе се формира новата Влада, тој што ќе формира ќе донесе одлука. А, секако беше разговарано и тоа на седница на Влада. Но, поради законските рокови не е донесена никаква одлука“, изјави дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев.

Линијата на МВР за закажување термини е речиси нефункционална. Министерот Тошковски ова го правда со над петстотини повици во ист момент.

Се очекува повторно  да заживее и опцијата за закажување преку веб-страницата на МВР, но нема детали кога.

Тошковски информира дека во тек е презакажување на луѓето кои имаат закажано термини од мај до декември и кои се повикуваат порано за фотографирање.

„Од први јануари годинава до денес, поднесени се 216.000 барања за пасоши од целата држава, плус оние од дијаспората. 95.000 барања се во јануари, а 121.000 во февруари. Во однос на функционирањето на call-центарот за закажување термини за лични документи, бројките говорат дека од 6-ти февруари до денес презакажани се 125.000 термини на територија на Град Скопје“, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Од МВР тврдат дека нема да има застој во издавањето на документите. Бројката на обрасци се комплетира најдоцна до утре, смирува дополнителниот заменик-министер.

„Стигнаа 50.000, па 20.000 обрасци. Пред точно една недела пристигнаа 140.000 примероци и доцна вечерва или утре наутро стигнуваат 85.000 обрасци. Тоа значи дека ја заокружуваме таа бројка од 300.000 обрасци, што е сосем доволно за системот да функционира нормално“, додаде дополнителниот заменик, Бојмацалиев.

И возачите кои живеат од транспортот на роба сѐ уште чекаат да добијат нови патни исправи.

Надлежните уверуваат – бизнисот нема да застане, шоферите да немаат грижи. Списоците се предадени во надлежното министерство.

„Списокот којшто го добивме од страна на здруженијата брои некаде околу 120 од коишто дел од нив се во постапка на замена на патните исправи, а дел допрва треба да влезат во постапка. Ние веќе вчера ги доставивме списоците до МВР и очекувам во рок од десетина дена да бидат изработени, изготвени и предадени“, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Во меѓувреме, меѓународната заедница со јасна порака до Македонија – почитувајте ги меѓународните договори, а земјите-членки сами ќе одлучат како ќе ја спроведуваат регулативата.

МНР сѐ уште не ги расчистува дилемите за границите кои може да се преминат со стар пасош.

А, владејачкото мнозинство во Собранието вчера не го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, измените на Законот за патните исправи да одат на дневен ред и по итна постапка.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе