Балкан Вести Забава Свет

Со Тејлор Свифт повикуваат на протести против власта на ХДЗ во Хрватска

Светот живее во Ерата на успехот на Тејлор Свифт, 34-годишната американска пејачка која со последната двегодишна турнеја  “The Eras tour” успеа да се пробие и направи успех и надвор од САД.

Турнејата досега имаше 51 концерт на 5 различни континенти и само од билети заработи над милијарда долари. Свифт со овогодишениот 4-ти по ред Греми за најдобар албум стана рекордер во оваа категорија, а дополнителна слава заработи откако стапи во врска со Тревос Келси, троен шампион во американски фудбал во НФЛ со тимот Канзас Сити Чифс.

Сето тоа беше наречено “ефект Тејлор Свифт” па на тој бран на личен успех почнаа да се качуваат и политичарите. Од Балканот.

Хрватските социјалдемократи кои долго време, од јануари 2016-та,  се во опозиција., викендот организираат протест со барање за итни избори. На социјалната мрежа Инстаграм,поттикнати од ефектот на Тејлор Свифт, објавија покана со нејзин лик и со еден од нејзините најпознати хитови ” Shake it off”.

Но, на промотивниот постер на џемперот на Свифт е изменет насловот на песната и стои “Shake HDZ off” за да го дополни протестниот повик против владеачката партија во Хрватска.

Веб медиумот Индекс.хр направи анкета на која две третини од одговорите се “незгодно ми е поради нив (СДП)”, додека секој 10-ти читател одговорил “Супер, само поради тоа (Свифт) ќе одам на протестите”.

Македонија засега е далеку од вакво користење на светските популарни ѕвезди како што е Тејлор Свифт. Свифт инаку беше прогласена за Личност на годината на магазинот  “Тајм”, а 2020-тата и сама се вклучи во политичкипт живот во САД со повик до своите фанови да се регистрираат за гласање за тогашните претседателски избори во Америка.

Над 65.000 нејзини обожаватели се пријавиле за изборите на кои Тејлор Свифт даде поддршка на демократската двојка Џо Бајден-Камала Харис. Пејачката беше постојан критичар на Трамп, а даде активна поддршка и на движењето “Black Lives Matter” формирано по насилната смрт на Џорџ Флојд кој беше жртва на полициска бруталност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SDP Hrvatske (@sdp.hr)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе