Вести Македонија Најважни

Централното Претседателство на АА ќе бара одговорност од Таравари – Села вели дека го крши Статутот на партијата

Ќе се бара одговорност од сегашниот претседател на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, во сабота на седница на Централното собрание, објави попладнево на прес-конференција претседателот на Собранието и поранешен претседател на партијата, Зијадин Села. Рече дека, и покрај одлуката на партиските органи за Алијанса за Албанците да оди самостојно на изборите, Таравари на Фејсбук објавил став дека таа треба да се приклучи на албанската опозиција. Според Села, со тоа тој го прекршил статутот на партијата.

„Со статутот на партијата индивидуата, без разлика дали е претседател на партијата или било која позиција да ја носи, не може да носи одлуки. Тој може само да предлага. Органите што носат одлуки се колективните органи како што е Централното претседателство на партијата. Ние во моментот, иако се зборува по социјалните мрежи дека имаме понуди итн., нема никаква понуда. Алијанса за Албанците, како прво, не се продава. Не е на пазар. А не може никој, без да знае и која е цената, да ја продава. Затоа ние последниот став што го имаме во партијата, во Централното претседателство, е дека АА оди сама на избори“, изјави Зијадин Села, претседател на Централното Собрание на Алијанса за Албанците.

Села рече дека Алијанса за Албанците била вечерва во седиштето на партијата, затоа што на прес-конференцијата се присутни потесното членство на Централното претседателство, пратеници, поголемиот дел од ограноците.

Од друга страна, пак, Таравари, на социјалните мрежи објави дека добива пораки за поддршка за неговата иницијатива и дека биле собрани 80 потписи од вкупно 133 члена во Собранието на Алијанса за Албанците и дека процесот на собирање потписи продолжува.

За Села и оваа постапка е кршење на статутот.

„Собира потписи. Сам кажува дека е уште едно длабоко кршење на статутот на партијата. Нема такво право како прво. Злоупотреба на позицијата што ја има. Тој нема такво право. Не се вистинити тоа е голема лага. Само да се вметне несигурност и недоверба помеѓу луѓе кои делат ист идеал и затоа се групирани во оваа партија. АА не е партија на потписи. Статутот на партијата налага, може да се собира потписи за да се повика Централното собрание, ама за тоа нема потреба бидејќи јас сум тука и  молев цели двва месеци да дојдеме на правиот пат кој треба да донесе до свкување на Централното собрание“, рече Села.

Таравари е на чело на Алијанса на Албанците од септември во 2022 година. Дали ќе остане на оваа позиција партиското Собрание ќе одлучува на 10 февруари.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе