Најмалку 16 лица загинаа, меѓу кои и цивили, а 25 се ранети во американските воздушни напади врз проирански цели во Ирак, соопшти канцеларијата на ирачкиот премиер Мохамед Шија ал Судани.
Во соопштението се осудуваат нападите за кои се наведува дека се „нова агресија на суверенитетот на Ирак“ и ги демантираа информациите дека владата на Ирак претходно ги координирала нападите со САД, тврдења што се наречени лажни, пренесува „Ројтерс“.
Американската војска вчеравечер почна воздушни напади врз Ирак и Сирија, пришто се погодени над 85 цели поврзани со Иранската револуционерна гарда и милициите кои ги поддржува, како одмазда за нападот со дрон во текот на минатата недела во североисточен Јордан во кој загинаа тројца американски војници.
Војската на САД е повеќе од 100 пати во Ирак и во Сирија од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври.
